петок, 10 јануари 2025

На Мицкоски не му е потребна лидерска средба без заклучоци

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски на својот фејсбук профил не дава повеќе детали ниту пак образложение за ваквиот негов став.

мицкоски фејсбук

Но претходно, во петокот, 2 јуни во емисијата „360 степени“, Мицкоски рече дека сака средба со само со Ковачевски, очи в очи а не како што нуди премиерот, средба на тимови од двете партии. 

„Моето искуство покажало дека на таков широк формат на средби, не лидерска, туку тимска средба, никогаш не се носеле заклучоци. Тоа е повеќе ПР-егзибиција, да поминат неколку часа разговори на оваа или на онаа тема, да излеземе пред новинарите, да дадеме изјави и практично, освен спектакл за јавноста, воопшто ништо нема да значи таа средба. Јас, напротив, сметам дека во овие моменти, кои се суштински за државата, е потребно после една таква лидерска средба треба да излеземе со некаков заклучок“, рече Мицковски.

Според него, доколку постои инсистирање наместо лидерска да има тимска средба, тогаш предлогот е прво да се организира средба меѓу тимовите, да се видат позициите, а потоа да се сретнат лидерите на двете партии.

Премиерот Ковачевски кажа дека теми на разговор би биле одлуките што се потребни за европската интеграција на државата, додека Мицкоски смета дека треба да се разговара и за тоа што доколку уставните измени не ја добијат потребната поддршка.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и денеска си разменија остри зборови на тема уставни измени.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција рече дека оваа недела ќе стане јасно дали Мицкоски е за реализација на националните и стратешките цели на земјата или ќе остане во заложништво на Левица во анти-европскиот блок.

„Мицкоски ќе покаже дека навистина е за единство и за реализација на национални и стратешки цели на земјата само доколку го поддржи европскиот пат и потребните реформи. Национално единство не се прави ниту со блокади на државата, а најмалку со поделба по етничка или по каква било основа. Додека СДСМ отсекогаш била и е на страната на државните национални интереси, ВМРО-ДПМНЕ досега не поддржала ниту една стратешка одлука. Мицкоски сѐ уште има шанса да се претстрои на страната на државните интереси и да се приклучи на европскиот пат“, рече Кузеска.

Вратија од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека „СДС и Ковачевски ја доведоа Македонија до ќорсокак затоа што без мандат прифатија и ветуваа нешто со кое не се согласува 80 отсто од граѓаните.

„Затоа сега ако имаат доблест и храброст треба да прифатат соочување со народот на избори и на тие избори јасно да се искристализираат чекорите и политиките на државата. Но за жал СДС и Ковачевски избраа да бидат приврзок во владата на ДУИ, наместо да им служат на граѓаните. Тие дури и формат и присуство на лидерска средба не можат да одлучат без согласност од Мала Речица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Драган Ковачки денеска упати порака и до ДУИ. Тој на лидерот, Али Ахмети му порача да му „одобри на Ковачевски сам да отиде на средба со Мицкоски. 

„Ковачевски треба да се охрабри и да се одважи да ја организира средбата затоа што само тоа е единствениот пат за излез од политичката криза која што ја создадоа СДС и ДУИ. Ковачевски не треба да се плаши и треба да побара одобрување од Али Ахмети. Апелираме до Али Ахмети да му даде одобрение на Ковачевски, да најде начин да дојде на таа средба, затоа што после неуспехот на уставните измени Македонија ќе западне во политичка криза. Македонија мора да најде начин да излезе од оваа ситуација“, порача Ковачки.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ