Огромен е бројот на медицинските сестри кои нашле подобра работа во приватниот сектор и во странство.
„Не може некој 5 години да работи со договор на дело за 12 илјади денари и на конкурс наместо договорците да бидат вработени трети лица. Кога се со договор на дело и не ги вработувате нормално дека ќе си заминат. Жалосно е што повозрасни специјализиран исестри со искуство си одат, односно со семејствата ја напуштаат државата. Има некои агенции, не знаеме кои, кои нудат за Германија и многу се пронашле во тоа“, вели Гордана Бешлиовска, претседателка на Унија на здруженија на медицински сестри и додаваат дека министрите за здравство само се менуваат, а ништо не прават во однос на нивните барања.