Повеќе од 11 милиони денари беше денешниот промет на македонската берза за хартии од вредност.
Најголем дел од овој промет, 11,2 милиони денари, беше реализиран на официјалниот пазар за хартии од вредност, а на редовниот пазар беа истргувани акции во вредност од 405 илјади денари.
Индексот МБИ10 денес се зголеми за 0,05 % и изнесуваше 1.975,79 поени. На официјалниот пазар најголем промет беше остварен со акциите на Комерцијална банка АД Скопје (осум милиони денари) по просечна цена од 2.630,01 денари.
За акциите на Топлификација АД беше остварен промет од 189,6 илјади денари по просечна цена од 2.370 денари.
Трета беше акцијата на Алкалоид АД Скопје со остварени 156.586 денари, кои се тргуваа по просечна цена од 3.914,65 денари.
Најтргувана од обврзниците беше обврзницата за денационализација на Република Македонија, деветта емисија. Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 91 % и беа остварени 1.399.238,75 денари.
На редовниот пазар најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Машинопромет АД Скопје, со која беше остварен промет во износ од 349.952 денари, по просечна цена од 1.367 денари.
Хартии од вредност со најголем раст
1. Гранит АД Скопје 2,90 %
2. Фершпед АД Скопје 2,44 %
3. Топлификација АД Скопје 0,64 %
4. Македонија турист АД Скопје 0,04 %
5. Макпетрол АД Скопје 0,01 %
Хартии од вредност со најголем пад
1. ОКТА АД Скопје 7,83 %
2. Машинопромет АД Скопје 2,98 %
3. Обврзницата за денационализација на РМ десетта емисија 0,93 %
4.Македонски телеком АД Скопје 0,81 %
5.Комерцијална банка АД Скопје 0,42 %