сабота, 19 октомври 2024

На Лукаку му требаа само 30 минути за деби гол, луд пресврт на Наполи во финишот (ВИДЕО)

Ромелу Лукаку дебитираше во дресот на Наполи со гол, и помогна неговиот тим во судиското надополнување да направи пресврт против Парма за три бода, Лацио и Рома одиграа возбудливо реми со четири погодока.

Објавено на

часот

Сподели

На Ромелу Лукаку не му требаше многу за да покаже зошто Антонио Конте инсистираше на негов ангажман.

И покрај тоа што само неколку денови е дел од Наполи, напаѓачот синоќа доби шанса против Парма и му требаа само 30 минути за да постигне деби гол.

Парма водеше на „Диего Марадона“ со голот на Бони од пенал во 19. минута, но не издржа откако голманот Сузуки доби втор жолт картон и беше исклучен, а веќе беа направени сите замени, па Дел Прато мораше да стави ракавици и да застане помеѓу стативите.

Наполи силно притисна и тоа резултираше со два гола во судиското надоплнување. Прво Лукаку изедначи на 1-1 во 92. минута, за Ангиса со глава да ја затресе мрежата за 2-1 во 96. минута.

Во Рим, Лацио и Милан одиграа возбудливо реми со четири погодока.

Павловиќ со својот деби гол ги донесе „росонерите“ во предност во 8. минута, но домаќините во вториот дел направија комплетен пресврт.

Кастељанос во 62. минута изедначи на 1-1, за Диа во 66. минута да донесе 2-1 и огромна радост на „Олимпико“.

Фонсека потоа направи четири замени, и тоа веднаш даде резултат, нововлезениот Леао реализираше во 72. минута за 2-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ