четврток, 30 мај 2024

На концерт во Општина Центар се собираа средства за лекување на Кара Селовска (ФОТО)

Во организација на училишта од Општина Центар со музички хуманитарен хепенинг во Паркот на франкофонијата се собираа средства за лекување на Кара Селовска, 12-годиншна е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Девојчето има сериозни здравствени компликации поради кои е сместена во болница во Барселона, Шпанија.

Фото: Фејбук на „Песталоци“

Објавено на

часот

Сподели

Средствата се потребни за да ги покрие третманите за дијагностицирање на болеста и трошоците за престој. Музичкиот настан со хуманитарен карактер се изведе под мотото „За сите деца да има сонце“ и е во организација на осумте основни училишта Општината.

На концертот настапија над 20 учесници меѓу кои Драган Мијалковски, Тамара Тодевска, Кристина Арнаудова, Бојана Скендеровски, Џокси, Јанг Дади, ученици од хоровите од основните училишта, Златните славејчиња и други.

Mеѓу учесниците имаше и родители на ученици од центарските училишта познати во естрадниот свет.

На просторот имаше и добротворен базар, беа поставени и кутии за донации и сите на настанот изразија надеж дека собраните средства ќе помогнат за покривање на дел од трошоците и дека Кара ќе го продолжи образованието меѓу своите другарчиња од Песталоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ