сабота, 27 јули 2024
Серија А

На Јувентус му ги вратија одземените бодови, сега е трето место во Серија А

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус сега е трето место на табелата со 59 бодови, Рома падна на четвртото место, Милан е петти, а Интер е на шестата позиција.

Старата Дама ги доби бодовите кои им беа одземени, а се бришат и казните за Андреа Ањели, Маурицио Аривабене, Федерико Черубини и Фабио Паратичи.

По три часовно сослушување денеска, обвинителството на италијанскиот олимписки комитет (КОНИ) одлучи да се вратат привремено одземените бодови на „старата дама“ откако федерацијата ФИГЦ не доставила никакви дополнителни докази на жалбата на Јувентус за првосепената казна со одземање на бодови.

Но, процесот не завршува тука, туку сега оди на второстепена апелација, каде ќе се разгледува казната, а дел од италијанските медиуми посочуваат дека казната може да биде со одземање од пет до 10 бода, ама и одземање на 15 бода, но не за оваа сезона туку за следната.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ