четврток, 26 декември 2024

На југот на Газа избувнаа протести против Хамас

Протести на десетици Палестинци против исламистичкото движење Хамас избија вчера во јужниот дел на Газа, откако милитанти на организацијата, наводно, отвориле оган врз група млади мажи кои се обидувале да земат хуманитарна помош. Очевидци изјавија дека имало нереди со десетици луѓе во градот Рафа во близина на границата со Египет.

Објавено на

часот

Сподели

Толпата била бесна поради извештаите дека милитанти на Хамас пукале во луѓе кои се обиделе да земат хуманитарна помош без одобрение на Хамас. Како што се наведува, еден млад човек бил убиен, а други се повредени. Наводно, гневните демонстранти запалиле полициска станица управувана од Хамас.

Хуманитарната ситуација во Појасот Газа е се покатастрофална во услови на израелската блокада на густо населената крајбрежна енклава и повеќемесечната воена офанзива.

Распределбата на ограничените резерви во Газа во неколку наврати се претвори во грабежи и хаос. Советот за безбедност на Обединетите нации донесе резолуција со која се бара зголемување на хуманитарната помош за Газа, но Израел стои на своето барање да ја следи испораката на помошта за да се спречи шверц на оружје.

Во исто време, владата во Тел Авив тврди дека инспекциите не ја попречуваат испораката на помошта и ги обвинува агенциите на ОН за неуспех во нејзината дистрибуција. Претставници на Обединетите нации, пак, изјавија дека условите на војна и израелските воздушни напади го отежнуваат транспортот и дистрибуцијата на стоки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ