сабота, 27 јули 2024

На изборите во Бугарија најмногу гласови доби партијата на Борисов, но не се знае кој ќе формира влада

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците од пладневните часови, ГЕРБ-УДФ, предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов, освоила 26,57 отсто од гласовите, а на второ место е сојузот Продолжуваме со промени-Демократска Бугарија со 24,66 отсто, пренесе агенцијата БТА.

Следува Вараждане со 14,22 отсто, Движење за права и слободи со 13,39 отсто, БСП за Бугарија со 8,97 и на крај Има таков народ (ТИСП) со 4,13 отсто.

Имало 108.504 празни гласачки ливчиња.

Засега не се знае кој ќе и дали ќе формира нова влада, бидејќи ова се петти предвремени избори во последните две години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ