вторник, 28 мај 2024

На хуманитарната агенција на ОН ѝ е забранет пристапот до преминот Рафа во Газа

Агенцијата на ОН за хуманитарна помош соопшти дека израелските власти ѝ забраниле пристап до граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет, кој сега е под контрола на израелската армија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Рафа е на нишан“, рече Јенс Лаерке, портпарол на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, на редовниот брифинг во Женева.

„ИДФ (Израелските одбранбени сили) ги игнорираат сите предупредувања што може тоа да значи за цивилите и хуманитарните операции низ Појасот Газа. Мислам дека е фер да се каже дека извештаите што ги добивме од колегите на терен велат дека завладеале паника и очај, луѓето се преплашени“.

Тој рече дека 76 отсто од Газа е под наредба за евакуација и дека на луѓето во Рафа не им е дадено доволно време да ги исполнат тие наредби.

Лаерке предупреди дека ОН и нивните партнери во Газа имаат гориво за еден ден, главно дизел, за да ги управуваат камионите и генераторите.

Портпаролката на Канцеларијата на ОН за човекови права Равина Шамдасани изјави дека Израел има обврски врз основа на меѓународното хуманитарно право да ги обезбеди цивилите во Газа, да им обезбеди пристап до медицинска нега, соодветна храна, вода за пиење и санитарни услови.

Таа ова го рече неколку часа откако израелските сили ја презедоа контролата на граничниот премин Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

„Неисполнувањето на овие обврски се граничи со принудно раселување, што е воено злосторство“, додаде таа.

Во врска со израелската операција во Рафа, таа рече дека постојат силни знаци дека таа го прекршува меѓународното хуманитарно право.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ