сабота, 27 јули 2024

На Хаити по оставката на премиерот бандите бараат да учествуваат во формирањето на новата влада

Откако досегашниот премиер на Хаити Ариел Анри најави дека ќе даде оставка, политичарите низ Хаити брзо се вклучија во борба за власта, вклучувајќи ги и моќните банди кои контролираат 80 отсто од главниот град на земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бандите имаат длабоки врски со политичката и економската елита на Хаити, но станаа понезависни, финансирајќи ги своите операции со киднапирања за откуп со што го плаќаат шверцот на оружје.

Се проценува дека на Хаити оперираат преку 200 најразлични банди, најмногу во престолнината Порт О Пренс и околината.

Непосредно пред премиерот Ариел Анри да каже дека ќе поднесе оставка, а карипските функционери најавија формирање преоден совет, лидерот на најмоќната банда на островот Шеризие одржа импровизирана конференција за медиумите и отфрли секакво решение наметнато од меѓународната заедница.

Тој сè уште не се огласил во врска со оставката на Анри која подолго време ја бараше откако ја презема одговорноста за координирање на нападите на критични мети кои почнаа на 29 февруари додека премиерот престојуваше во Кенија и се залагаше за распоредување на полициски сили кои би ги поддржале Обединетите нации да помогнат во борбата против бандите.

Нејасно е дали Шеризие и другите вооружени банди ќе го прифатат планот за формирање преоден совет.

Советот ќе биде одговорен за именување привремен премиер, а новиот лидер ќе соработува со советот на избор на нова влада.

Би имал седум члена со право на глас и два без тоа право.

Тие со гласови ја вклучуваат партијата Питит Десалин, која ја предводи поранешниот сенатор и претседателски кандидат Моис Жан Шарл, кој е сојузник на Гај Филип, поранешниот лидер на бунтовниците кој го предводеше успешниот државен удар во 2004 година и кој неодамна беше пуштен од затвор во САД по признавање на вината за перење пари.

Во досегашното насилство на бандите загинале повеќе стотици луѓе, а се проценува дека 15.000 жители на Хаити биле принудени да ги напуштат домовите поради судирите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ