сабота, 27 јули 2024

На граничните премини за влез и излез од Македонија нема подолги задржувања

АМСМ информира дека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што стои во соопштението, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Објавено на

часот

Сподели

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ