сабота, 27 јули 2024

На Граничниот премин Делчево нормализиран протокот на возила за излез од земјава

По утринскиот метеж кога се чекаше и до два часа, на граничен премин Делчево, за излез од Македонија кон Бугарија, попладнево состојбата е нормализирана и чекањето е сведено на минимум.

Објавено на

часот

Сподели

Од дежурните служби при граничен премин Делчево, потврдија дека утрово имало поголем метеж на возила кои ја напуштаат државата и заминуваат на продолжен викенд во некој од скијачките центри во Бугарија.

„Попладнево состојбата е нормализирана  Нема поголеми задржувања, барем не како што беше утрово“, вели Аце Атанасовски од Регионалниот центат за гранични работи работи Исток со седиште во Делчево.

Возачите кои утрово чекаа велат дека се повторува состојбата од минатата недела кога, исто така, за влез во Бугарија се чекаше околу два часа.

Како најголема причина за ваквите застои патниците ги посочуваат честите паѓања на системот од бугарска страна на граничниот премин Станке Лисичково, што се одразува да се чека и на македонскиот граничен премин.

Од минатата година започна реконструкцијата на граничниот премин Станке Лисичково каде конечно се очекува да се реши проблемот со долгите колони кои чекаат за време на празници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ