сабота, 27 јули 2024

На граѓаните на Косово и Албанија им е олеснета процедурата за преминување на заедничката граница

Промената на договорот на владите на Косово и Албанија, според кој граѓаните на двете земји по забрзани процедури ќе минуваат преку заедничката граница, стапи на сила денес и ќе трае во следните девет месеци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој период на олеснето движење претходно траеше во текот на четирите летни месеци.

Граничниот премин Морина, пишуваат приштинските медиуми, утринава се соочил со голем прилив на патници од Косово, кои патувале во Албанија на прослава на 1 мај и користењето неколку слободни дена.

Само во првите часови од денешниот ден во Албанија од Косово влегле околу 5.000 косовски граѓани, со 3.000 мали возила и десетици автобуси.

Според договорот, од 1 мај до 30 септември, и од 1 ноември до 28 февруари ќе биде олеснета процедурата за преминување и проверка во Морина, кај Врбница, кој е инаку најголемиот граничен премин меѓу Косово и Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ