среда, 23 октомври 2024

На град во Бразил се урна авион со 62 лица, нема преживеани (ВИДЕО)

Патнички авион со 62 лица се урна во Бразил, во близина на градот Сао Паоло.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Авионот кој летал кон меѓународниот аеродром Гуарулхос во државата Сао Паоло се урнал во градот Вињедо, во близина на Сао Паоло. Во авионот имало 58 патници и четири члена на екипажот.

Авионот при падот се утнал на неколку куќи, пренесуваат агенциите.

Пожарникарите потврдиле дека авионот се урнал во Вињедо, но дале повеќе детали. Пожарникарски екипи се испратени на лице место.

Бразилската телевизиска мрежа Глобоњуз објави снимка од големо подрачје во пламен и чад како се крева над остатоците од авионот во подрачје полно со куќи.

На настан во јужен Бразил на кој присуствувал, претседателот Луис Инасио Лула да Силва побарал од публиката да стане и да изрази почит со минута молчење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ