петок, 18 октомври 2024

На ГП Богородица приведен руски државјанин со фалсификувана возачка дозвола

На граничниот премин Богородица вчера на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода И.С. (39) од Русија, кој управувал патничко возило „бмв х5“ со грчки национални ознаки, поради тоа што при извршени проверки било констатирано дека при контролата приложил фалсификувана возачка дозвола.

Објавено на

часот

Сподели

Тој бил предаден во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија за понатамошна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ