четврток, 24 октомври 2024

На годишнината од Корејската војна Северна Кореја ветува „целосно уништување“ на непријателот

Северна Кореја вети дека, кога лидерот Ким Џонг Ун во случај на војна ќе издаде команда, „целосно ќе ги уништи“ своите непријатели, објави денес државниот медиум КЦНА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Високи воени функционери, вклучувајќи ги полковникот Ри Ун Рјонг и морнаричкиот поручник Ју Кјонг Сонг, дадоа такви изјави кои извираат од „растечката омраза“ кон Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја на состанокот во саботата на кој учествувал Ким, за да ја прослават 71-годишнината од примирјето во Корејската војна, јавува КЦНА.

Северна Кореја и САД немаат дипломатски врски, а разговорите за намалување на тензиите и прекин на севернокорејската нуклеарна програма се во прекин од 2019 година.

Државните медиуми на Северна Кореја неодамна објавија дека не очекуваат тоа да се смени без оглед кој ќе биде следниот претседател на САД.

Обвинувајќи ги САД и Јужна Кореја за „решителност за предизвикување нуклеарна војна“, воените функционери ветија дека ќе ја зајакнат воената ефикасност за да извршат „надмоќен напад на непријателот каде било и без одложување и целосно ќе го уништат – кога почитуваниот врховен командант Ким Џонг Ун ќе даде наредба“.

Северна Кореја на 27 јули 1953 потпиша договор за примирје со Соединетите Американски Држави и Кина со што завршија непријателствата во тригодишната војна.

Американските генерали го потпишаа договорот претставувајќи ги силите на Обединетите нации кои ѝ даваа поддршка на Јужна Кореја.

Северна Кореја 27 јули го нарекува Ден на победата, додека Јужна Кореја тој ден не го одбележува со никакви големи настани.

Непријателствата завршија со примирје, а не со договор, што значи дека двете страни технички се сè уште во војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ