сабота, 27 јули 2024

На Галичица ќе трчаат 430 планински тркачи од 32 земји

Објавено на

часот

Сподели

Приказната на Охрид ултра-треил почна во 2019 година како настан со две трки во планинско трчање од 60 и 30 километри, а од првата бројка на учесници – 130 пријавени тркачи, за четири одлични последователни изданија трката прерасна во препознатлив меѓународен спортски настан кој се одвива под отворено небо. Оваа година организаторите – спортските здуженија Трекс од Скопје и Топ адвенчрс од Охрид очекуваат 434 потврдени пријави на тркачи од дури 32 земји.
Планинското трчање е спорт во голем подем кој почнува се помасовно да
се практикува од страна на луѓето особено откако ќе се осознаат неговите вистински долготрајни бенефити по здравјето и психофизичката благосостојба. Целите на овој спортско-рекреативен настан е да се понуди една уникатна планинска авантура на отворено за учесниците која се одвива во недопрените предели на Галичица, а воедно и да се промовира културното и природното богатство на охридско-преспанскиот регион кој е
заштитен под УНЕСКО.
Охрид
ултра-треил годинава е закажан за 27 мај (сабота) со различни временски стартови и локации на четирите планински трки на 110, 65, 40 и 22 километри. Најдолгата трка е единствена од трките која ќе стартува на 26 мај (петок) во 23 часот навечер од Охрид, потоа следи трката Галичица ултра 65 километри со старт во 7 часот изутрина од Св. Наум, па Самотска маратон со старт од Пештани во 9 часот, а најкратката Летница треил почнува во 11 часот од Велгошти.

Сите трки минуваат низ патеки, врвови, гребени и долини во националниот парк Галичица, а финишот е на градскиот плоштад во Охрид. Оваа година интересот за трките е голем, а финалната бројка на тркачи за 30% поголема од минатата година и таа брои 61 учесници на 100 км, 55 на 65 км, 95 на 40 км и 224 на 22 км.
Оваа година на трките ќе трчаат претставници од 32 земји и тоа од Шведска, Финска, Данска, Норвешка, Полска, Словачка, Чешка, Тајланд, Јапонија, САД, Франција, Португалија, Велика Британија, Словенија, Италија, Србија, Албанија, Косово, БиХ, Грција...

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ