На Пауло Фонсека му се подготвува отказ, гласините почнаа да кружат уште пред натпреварот помеѓу Милан и Рома, а продолжија и по завршувањето откако „росонерите“ не успеаја да стигнат до трите бода.
Домаќините одлично го започнаа натпреварот и поведоа со голот на Рајндерс во 16. минута, но гостите брзо одговорија и изедначија преку Дибала, кој прекрасно погоди со волеј во 23. минута.
Во продолжението од натпреварот, двете екипи имаа свои шанси за победа, особено Рома беше опасна во завршницата, но конечниот резултат на крајот гласеше 1-1.
Dybala that is a BEAUTY.. pic.twitter.com/ce6TlS7Gz6
— Frank🧠🇵🇹 (fan) (@AmorimEra_) December 29, 2024