недела, 2 март 2025
Џефри Д. Сакс

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

На Европа ѝ треба своја надворешна политика, а не русофобија

(Дел од говорот на професорот Џефри Сакс во Европскиот парламент на 19 февруари на тема „Геополитика на мирот“)

Готово е! И готово е затоа што Трамп не сака да влече губитник. Тоа е. Не е тоа некоја голема мудрост. Тој едноставно не сака да носи губитник со себе. Украина е губитник. Ќе бидат спасени благодарејќи на преговорите кои се во тек.

Втора е Европа. Вредноста на вашите акции на пазарот во текот на последните денови растат благодарејќи на „страшните вести“ за преговори. За Русија главниот проблем претставуваа САД. Затоа што Русија како велесила и најголема нуклеарна држава на светот беше загрижена заради нашата униполарност. И сега изгледа дека сѐ ова ќе заврши. И Европа треба да почне директни преговори со Русија, затоа што САД брзо ќе го изгуби интересот, а вие ќе живеете со Русија и во наредните илјадници години. Најдобра работа за балтичките земји би била да ја прекинат русофобијата. Тоа е многу важно. Во Естонија 25 отсто од населението се Руси или граѓани кои зборуваат руски. Во Летонија исто. Не ги провоцирајте соседите! Немојте да зборувате дека сакате да ја распарчате Русија. Дали се шалите? Немојте! Тоа не е начинот за опстанок на овој свет. Ќе опстанете со меѓусебно почитување, преку преговори и дијалог. Сите треба да се однесуваме како возрасни луѓе.

Претседателот Доналд Трамп не ја сака изгубената рака на Бајден. Затоа Трамп и претседателот Путин најверојатно ќе се согласат да ја прекинат војната. Дури и ако Европа продолжи со своето воинствено поттикнување, тоа нема да биде важно. Војната завршува. Затоа, ве молам, извадете го од вашиот систем. Со актуелните преговори што се водат ќе биде спасена Украина. Втората е Европа.

Знам дека тука оваа перспектива за преговарачки мир беше дочекана со огромен ужас, но ова е најдобрата вест што може да ја добиете. Се обидов да контактирам со некои од европските лидери. Реков, не оди во Киев, оди во Москва. Преговарајте со вашите колеги. Вие сте Европска Унија. Имате 450 милиони луѓе и економија од 20 трилиони долари. Однесувајте се така.

Европската унија треба да биде главниот трговски партнер на Русија. Европа и Русија имаат комплементарни економии. Соодветноста за заемно корисна трговија е многу силна. Патем, ако некој сака да разговара за тоа како САД го разнесоа Северен тек, со задоволство би зборувал и за тоа. Администрацијата на Трамп е империјалистичка во сржта. Трамп очигледно верува дека големите сили доминираат во светот. САД ќе бидат немилосрдни и цинични… и во однос на Европа. Не молите во Вашингтон. Тоа нема да помогне. Тоа веројатно би ја поттикнало немилосрдноста. Наместо тоа, имајте вистинска европска надворешна политика.

Значи, не велам дека сме во ново доба на мир, но сега сме во многу поинаков вид на политика, враќање на политиката на големите сили. На Европа ѝ треба своја надворешна политика, а не само надворешна политика на русофобија. На Европа ѝ треба надворешна политика која е реална, политика која ја разбира ситуацијата на Русија, ја разбира ситуацијата во Европа, разбира што е Америка и за што се залага, и која се обидува да избегне Европа да биде нападната од САД. Сигурно не е невозможно Америка на Трамп да истовари војници на Гренланд. Не се шегувам и не мислам дека Трамп се шегува. На Европа ѝ треба надворешна политика, вистинска. На Европа ѝ треба нешто различно од „да, ќе се пазариме со г-дин Трамп и ќе се сретнеме на половина пат“. Дали знаете како ќе биде тоа? Јавете ми се потоа.

Ве молиме имајте европска надворешна политика. Ќе живеете со Русија долго време, затоа ве молиме преговарајте со Русија. Има реални безбедносни прашања на маса и за Европа и за Русија, но русофобијата воопшто не служи на вашата безбедност. Тоа воопшто не ѝ служи на безбедноста на Украина. Оваа американска авантура на која се приклучивте и за која сега сте водечка навивачка група придонесе за околу 1 милион украински жртви.

Џефри Сакс

(Aмерикански економист и професор на Колумбија универзитетот, еден од најбараните светски аналитичари за геополитичките случувања и за односот на САД со другиот дел од светот)

КОЛУМНИ

Љубомир Николовски

НБА: Напредна Баскет Аналитика

Димитар Љоровски Вамваковски

Од „непостоечки“ фактор до неопходен сојузник и државен непријател: македонското национално...

Ристо Цицонков

Топлификација (парно) на градовите решение за аерозагадувањето?! (2)

Рајко Пеколски

Потрошувачка кошничка

Ѓорѓи Трипков

Запирката и точката

Зоран Дабиќ

Пројде времето на дилетанти во политиката

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ