сабота, 27 јули 2024
Ги прекршиле правилата за Финансиски фер плеј

На Евертон повторно ќе му бидат одземени бодови, слична казна му се заканува и на Нотингем Форест

Евертон и Нотингем Форест се обвинети дека ги прекршиле правилата за Финансиски фер плеј на Премиерлигата во периодот што завршува со сезоната 2022/23, на клубовите им се заканува одземање бодови.

Објавено на

часот

Сподели

Евертон неодамна остана без 10 бодови поради прекршување на правилата за Финансиски фер плеј, а наскоро можат да се соочат со слична казна.

„Карамелите“ направиле ново прекршување на правилата за ФФП, овој пат за периодот то завршува со сезоната 2022/23.

Во период од три години, ниту еден клуб од Премиерлигата не смее да направи загуби поголеми од 105 милиони фунти, од оваа сума 15 милиони фунти треба да се на клубот, а останатите 90 милиони да дојдат од џебот на сопственикот.

Се шпекулира дека Евертон сметал дека ќе се најдр во дозволените граници со помош на трансферот на Ришарлисон вреден околу 60 милиони фунти во 2022, но се нашол во проблеми поради тоа што каматата за изградба на новиот стадион не спаѓала во загубите кои се толерираат.

Нотингем Форест е вториот клуб кој ги прекршил правилата за ФФП за периодот што завршува со сезоната 2022/23.

„Црвените“ од Сити Граунд инвестираа многу пари во нови засилувања откако се вратија во Премиерлигата и не успеаја на време да ги балансираат сметките, доцна го продадоа Бренан Џонсон на Тотнем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ