сабота, 27 јули 2024

На државно и приватно земјиште со камиони истоварале ѓубре и создале депонија

Три лица заработија кривични пријави затоа што на државно и во дел приватно земјиште исфрлале отпад создавајќи дива депонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(47), Е.С.(51) и против Т.М.(57), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела – загрозување на животната средина и природата со отпад и  за узурпација на недвижност.

Инспектор за животна средина на Град Скопје и надлежни служби од Општина Бутел извршиле контрола на диво создадена депонија на земјиште кое било дел во државна сопственост, а дел приватни парцели на ул.Александар Урдаревски. При контролата било затекнато товарно возило, сопственост на правно лице, а управувано од првопријавениот, кој вршел истовар и депонирање на земја на барање и ангажман на второпријавениот, а на земјиште сопственост на третопријавениот“, соопшти МВР. 

                                                          Фото: архива

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ