Полицијата на брегот нашла 18 лица, од 25, колку што биле во чамецот, а спасувачите трагаат по исчезнатите.
Граничната полиција на Србија од колегите во БиХ добила информација дека се превртел чамец со мигранти на Дрина. Веднаш по пријавата, биле испратени припадници на полицијата и на Секторот за вонредни ситуации и интензивно се пребаруваат реката и крајбрежјето.
Во чамецот, според српските медиуми, биле државјани на Сирија, главно жени и деца.