недела, 19 мај 2024

На Деве Баир турски државјани со фалсификувани зелени карти

На граничниот премин Деве Баир, полициски службеници вчера го привеле Б.К. (57) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека меѓународните зелени карти за осигурување на товарно возило „волво“ и полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал, биле фалсификувани. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Објавено на

часот

Сподели

На истиот граничен премин за истото дело бил приведен А.Д. (38) од Република Турција кој возел товарно возило „мерцедес“ и полуприколка. И тој бил предаден на полициски службеници од полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
На граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле Х.Б. (36) од Косово затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил туѓа косовска лична карта. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ