среда, 19 март 2025

На десет луѓе им е продолжен краткотрајниот притвор, кочанскиот суд сѐ уште одлучува за другите шестмина

Основниот суд во Кочани досега донел решенија за продолжување на краткотрајниот притвор од 48 часа за десет лица во случајот со пожарот во Кочани, додека за другите шестмина сѐ уште се одлучува.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

ЈОРМ информира дека Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд доставило предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за 16 лица досега опфатени со постапката, на кои оваа мерка им истекува во текот на денот.

На уште две лица, по предлог на обвинителството, притвор им е определен во текот на вчерашниот ден и тој се уште трае. Вкупно мерката краткотраен притвор до овој момент е побарана за 18 лица.

Во пожарот во дискотеката Пулс во неделата рано наутро загинаа 59 лица, додека над 150 се повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ