ЈОРМ информира дека Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд доставило предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за 16 лица досега опфатени со постапката, на кои оваа мерка им истекува во текот на денот.
На уште две лица, по предлог на обвинителството, притвор им е определен во текот на вчерашниот ден и тој се уште трае. Вкупно мерката краткотраен притвор до овој момент е побарана за 18 лица.
Во пожарот во дискотеката Пулс во неделата рано наутро загинаа 59 лица, додека над 150 се повредени.