сабота, 27 јули 2024

На Денот на нулта дискриминација дебата за превенција во училиштата

Средношколци, училишни психолози и педагози и директори на училишта денеска во гимназијата Јосип Броз Тито во Скопје дискутираа за организацијата на средните училишта во насока на превенција од дискриминација.

Објавено на

часот

Сподели

Панел дискусијата е организирана по повод Денот на нулта дискриминација – 1 Март, а ја отвори градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

„Се разговараше за видовите на дискриминација со кои се среќаваат учениците, како и за последиците од неа, а заклучоците од панел дискусијата беа во форма на мерки за заштита од дискриминација, со акцент на правните механизми за заштита“, информира прес-службата на Град Скопје.

Оттаму истакнуваат дека Град Скопје со скопските средни училишта континуирано работи на подигнување на свеста за негативните ефекти од дискриминацијата, како и за реализација на мерки и активности за инклузивност во училиштата.

„Од суштинско значење се заедничките напори за спротивставување на дискриминацијата меѓу младите во сите нејзини форми, да се препознае вредноста на различноста и да се промовира инклузија и толеранција градејќи праведно и рамноправно општество“, наведува во соопштение прес-службата на Град Скопје.

Целта на Денот на нулта дискриминација е да промовира различност, толеранција и инклузија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ