Панел дискусијата е организирана по повод Денот на нулта дискриминација – 1 Март, а ја отвори градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.
„Се разговараше за видовите на дискриминација со кои се среќаваат учениците, како и за последиците од неа, а заклучоците од панел дискусијата беа во форма на мерки за заштита од дискриминација, со акцент на правните механизми за заштита“, информира прес-службата на Град Скопје.
Оттаму истакнуваат дека Град Скопје со скопските средни училишта континуирано работи на подигнување на свеста за негативните ефекти од дискриминацијата, како и за реализација на мерки и активности за инклузивност во училиштата.
„Од суштинско значење се заедничките напори за спротивставување на дискриминацијата меѓу младите во сите нејзини форми, да се препознае вредноста на различноста и да се промовира инклузија и толеранција градејќи праведно и рамноправно општество“, наведува во соопштение прес-службата на Град Скопје.
Целта на Денот на нулта дискриминација е да промовира различност, толеранција и инклузија.