сабота, 27 јули 2024

На денот кога започна пеколот на Блискиот Исток, Гутереш повика на итен прекин на огнот: „Ништо не може да го оправда ужасот!“

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш го нарече 7 октомври, денот кога палестинската милитантна група Хамас го нападна јужниот дел на Израел пред половина година, „ден на болка за Израел и светот“.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во видео изјава објавена денеска на платформата Икс, Гутереш изјави дека тој лично и организацијата на ОН жалат за 1.200 лица, главно цивили, „кои ладнокрвно беа убиени“ во нападот на Хамас пред шест месеци.

„Ништо не може да го оправда ужасот што го започна Хамас на 7 октомври“, посочи Гутереш и го осуди сексуалното насилство, тортурата, ранувањето и киднапирањето цивили и истрелувањето ракети врз цивилни цели.

Тој повика на безусловно ослободување на сите заложници кои сè уште ги држат Хамас и другите вооружени групи.

На 7 октомври минатата година, палестинската милитантна група Хамас изврши ракетен напад, потоа и упад на југот на Израел, кога беа убиени околу 1.200 луѓе, повеќе од 200 беа земени како заложници.

По нападот на Хамас, Израел воведе блокада на Појасот Газа и започна воена операција во која, според последните податоци на здравствените власти во Газа, досега загинаа повеќе од 33.000 лица и повеќе од 75.000 лица се ранети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ