сабота, 27 јули 2024
Црвена звезда стана Европски шампион

На денешен ден пред 33 години, Панчев и Најдоски го кренаа најголемиот европски пехар (ВИДЕО)

На 29. мај 1991 година Дарко Панчев го постигна историскиот гол од пенал кој значеше дека Црвена звезда стана Европски шампион, пехарот прв го крена Илија Најдоски кој беше капитен на црвено-белите.

Објавено на

часот

Сподели

Финалето се играше во Бари, противник на Црвена звезда беше Олимпик Марсеј, по 120 минути игра немаше голови, беше 0-0, па пеналите го решаваа победникот.

Последниот, одлучувачки пенал го шутираше Дарко Панчев, Македонецот погоди, по што можеше да почне големата радост на Црвена звезда за историскиот успех.

Дел од таа златна генерација на Црвена звезда покрај нашите Панчев и Најдоски, беа и Просинечки, Савичевиќ, Михајловиќ, Биниќ, Југовиќ, Бјелодедиќ…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ