сабота, 27 јули 2024
Првиот претседател на Република Македонија

На денешен ден пред 107 години роден е Киро Глигоров

Околу 5.000 до 6.000 граѓани и туристи во текот на годината го посетуваат Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“, каде што се наоѓа и неговата спомен соба во Штип. На денешен ден пред 107 години роден е Киро Глигоров првиот претседател на Република Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Кирил Панајотов вработен во Општина Штип и Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ вели дека во еден ден имале 400 лица или  рекорна посетеност на спомен собата на Глигоров.

„Тоа се групни посети на ученици, на активисти по разни основи, здруженија на граѓани, борци, пензионери. Традиционално имаме отворен ден на спомен собата и оние, коишто се заинтересирани“, вели Панајотов.

„Македонија е се што имаме“ порачуваше првиот Претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Панајотов вели пораките и она што го говореше Глигоров станува се поактуелно во земјава и регионот.

„Ова го поткрепувам со фактот, што во изминатиот период се снимаа два документарни филма за Глигоров, сега се највува уште еден во делот на 2 август, неговото учество во АСНОМ“, вели Панајотов.

Киро Глигоров е роден 1917 во Штип, а почина 1 јануари 2012 година во Скопје. Глигоров беше Претседател на Република Македонија од 27 јануари 1991 година  до 19 ноември 1999 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ