сабота, 27 јули 2024
Македонецот веднаш почна да ги тресе мрежите во Германија

На Чурлинов му требаа само 5 минути за да постигне гол на кам-бекот во Шалке (ВИДЕО)

Дарко Чурлинов веднаш се израдува на првиот гол по кам-бекот во Шалке, на Македонецот му беа потребни само 5 минути за да ја затресе мрежата на Кајзерслаутерн.

Објавено на

часот

Сподели

Дарко Чурлинов овој месец се врати во Шалке, и не му требаше многу за да почне да ги тресе противничките мрежи.

Македонецот вечерва доби шанса на стартот од второто полувреме на гостувањето кај Кајзерслаутерн и по само 5 минути игра постигна гол.

Караман испрати убава топка во фор, а Дарко Чурлинов одлично се снајде и го матираше домашниот голман за 1-1.

Но голот не му помогна многу на Шалке, до крајот на натпреварот Кајзерслаутерн постигна уште три погодоци и славеше со 4-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ