сабота, 19 октомври 2024
Состојба на граничните премини и патиштата низ Македонија

На Богородица за излез се чека од 60 до 90 минути, на Табановце за влез во земјата 30 до 40 минути

Објавено на

часот

Сподели

Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), до 20 јули делницата Демир Капија – Давидово ќе биде затворена во период од 10 до 16 часот.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15 до 22 часот, сабота од 7 до 12 часот и од 18 до полноќ и недела од 7 до 22 часот. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ