понеделник, 21 октомври 2024

На Богородица и Табановце се чека околу еден час

Објавено на

часот

Сподели

Поради асфалтирање, затворени за сообраќај се делницата Велес – Градско од 12 до 22 јули во периодот од 8 до 18 часот, а делницата Демир Капија – Давидово од 6 до 20 јули, во периодот од 10 до 16 часот.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17 до 22 часот, сабота од 9 до 18 часот и недела од 9 до 22 часот.

На магистралниот пат А2 делница, Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали, петок од 15 до 22 часот, сабота од 7 до 12 и од 18 до полноќ и недела од 7 до 22 часот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ