сабота, 27 јули 2024

На Богородица запленети близу пет килограми злато

Царински службеници заплениле 4,8 килограми златен накит со проценета вредност од 20,4 милиони денари, по контрола на автобус на граничниот премин Богородица при влез во државата.

Објавено на

часот

Сподели

Имено, царинските службеници на граничниот премин Богородица селектирале автобус кој сообраќал на линија Истанбул – Гостивар, при што е извршен детален претрес.

„Во пределот за багаж е пронајдена црна торба, во која во 9 пакетчиња обвиткани со најлон е откриено злато со тежина од 4,8 килограми. Возачот кој првично изјавил дека нема ништо за пријавување по откривање на златото потврдил дека торбата е негова. Царинските службеници се грижат за забрзан транспорт на легална трговија, но истовремено ги штитат приходите на државата спречувајќи шверц и криминал. Во случајот е спречено избегнување плаќање увозни давачки во износ од 5 милиони денари“, информираа од Царина.

Случајот е преземен од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги при што против возачот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија. Златото согласно закон ќе биде предадено во Народна банка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ