понеделник, 17 март 2025

На Белградската кула порака „Србија е со Македонија“

„За Кочани- Србија е со Македонија“. Ова беше пораката која синоќа се покажуваше на Белградската кула. Беше истакнато македонското знаме со црна лента. Се емитуваше и видео од запалена свеќа со натпис „Кочани“.  Србија и на ваков начин покажа поддршка за трагедијата која се случи со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера за Белград со авион беа пренесени 12 од повредените лица во трагедијата. Претходно во белградските болници веќе беа згрижени 5 пациенти. Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека Србија ќе прими дел од потешко повредените во пожарот.

Владата на Србија денеска, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник, 18 март 2025 година за Ден на жалост во Србија поради настаните во Кочани.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ