четврток, 30 мај 2024

На автопатот Арбр кој Тирана ја поврзува со Дебар ќе има пренасочување на сообраќајот

На автопатот Арбр кој Тирана ја поврзува со граничниот премин Блато на албанско-македонската граница, кај Дебар, преку Пешкопеја, во следните три дена ќе има пренасочување на сообраќајот поради изведување градежни работи. Според албанската Агенција за државни патишта ова „важно соопштение се однесува не само за албанските, туку и за македонските граѓани, кои најчесто го користат автопатот“. Според Министерство за внатрешни работи во првите два месеци од годинава, на овој премин поминале вкупно 113.872 патници или 16 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. 

Објавено на

часот

Сподели

Оваа делница, на големо се користи од дебрани, но и граѓани од други градови во државава, поради намалената должина на патување од некогашните 180 километри сега скратено на 72 километри.

„Сообраќајот на автопатот Арбр ќе биде пренасочен поради работите кои се изведуваат на овој патен правец. Во деновиве 20, 21 и 22 април ќе има времено блокирање на сегментот од Тунел 2 во село Шкале до кружен тек кај Клос и тоа во период од 8 до 18 часот“, пишува во соопштението на албанската Агенција за државни патишта.

Се додава дека алтернативни патишта од Тирана-Пешкопеја и обратно се стариот магистрален пат Тирана-Пешкопеја и патот од селото Бел камен (Гур и Бард) кој влегува преку мостот Скали што води до кружниот тек Клос и обратно.

Според агенцијата ова „важно соопштение се однесува не само за албанските, туку и за македонските граѓани, кои најчесто го користат автопатот“.

Токму поради подобрената патна инфраструктура на албанска, но и на македоска територија, зголемена е фреквенцијата на преминот „Блато“, каде, според статистиката на македонското Министерство за внатрешни работи во првите два месеци, на овој премин поминале вкупно 113.872 патници или 16 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ