петок, 26 јули 2024

На авион на Јунајтед ерлајнс со 235 патници му паднало тркало при полетување, автомобил смачкан на аеродромот (ВИДЕО)

На авион на Јунајтед ерлајнс му паднало тркало за време на полетувањето од аеродром во Сан Франциско, поради што авионот, кој летал за Јапонија, бил пренасочен кон Лос Анџелес, објави Еј-би-си њуз.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, соопшти Федералната управа за авијација на САД. На видеото може да се види како авионот полетува, а веднаш по полетувањето му паѓа тркалото и паѓа врз автомобил кој бил паркиран до пистата.

Никој не е повреден, но задниот дел на автомобил е смачкан, како и жичената ограда до автомобилот. Друг автомобил во близина е исто така оштетен.

„Благодарни сме им на нашите пилоти и кабинскиот екипаж за професионализмот што го покажаа во дадената ситуација. Исто така, благодарни сме и на нашите тимови на земја кои чекаа со влечно возило да го одвлечат авионот кога слета. Благодарност и до нашите тимови на аеродромот кои им помогнаа на патниците“, се вели во соопштението на Јунајтед ерлајнс.

Авиокомпанијата соопшти дека ќе работи со сопствениците на оштетените автомобили за да се надомести штетата. Тркалото беше едно од 12-те на двата главни носачи на опремата за слетување на Боинг 777-200.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ