среда, 11 декември 2024

На аеродромот во Скопје запленети 185 илјади норвешки круни

На Меѓународниот аеродром Скопје цариниците запленија 185 илјади норвешки круни, откако патник на излез од државата не ги пријавил парите кај царинскиот орган.

Објавено на

часот

Сподели

Патникот, инаку норвешки државјанин со потекло од Косово, со себе во црна торба носел 305 илјади норвешки круни што царинските службеници ги пронајдоа при контрола на скенер.


Согласно Законот за девизно работење, вратени му се 120 илјади норвешки круни, а останатите се запленети. Против патникот е поднесена соодветна пријава, соопшти Царинската управа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ