четврток, 22 февруари 2024

На 5 мај Џек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ во Драмски театар

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Драмски театар – Скопје, претставата е работена по текст на Јосип Пејаковиќ. Станува збор за силна трагикомична драмска приказна која изобилува со црн хумор. Актерот Џек Димиќ ја адаптирал, режирал и го толкува ликот, кој на босански јазик на емотивен и духовит начин ни ја раскажува неговата вистина.

Монодрамата „Ој, животе“ е приказна за човек кој доброволно оди на издржување на затворската казна наместо неговиот помлад брат, кој е сторител на убиство со умисла. Протагонистот на оваа монодрама на извонреден комедиографски начин ја раскажува својата мака и многу емотивно одново ги преживува сите случки низ кои поминал за време на издржувањето на казната.

Џек Димиќ е еден од најпознатите актери од регионот покрај Раде Шербеџија и Горан Вишњиќ, кој постојано има ангажмани во холивудските серии и филмови. Димиќ остварил над 85 филмски, телевизиски и театарски улоги. Освен на англиски јазик, тој игра улоги на српски, руски, чешки и италијански јазик.

Џек Димиќ во Холивуд играл во популарните ТВ серии „Ред и закон“, „Место на злосторот“, „Црна листа“, „Замок“, „Сина крв“, како и во сериите што во последните години се снимаат во регионот „Државен службеник“, „Ургентен центар“, „Воена академија“, „Клан“, „Династија“, „Вера“ и многу други. Џек Димиќ го играл научникот Никола Тесла во филмот „Народот на Тесла“, кандидат за Оскар за долгометражен играно-документарен филм во 2020 година.

„И покрај тоа што веќе две децении гради успешна кариера во Холивуд, Димиќ не ги заборавил своите балкански корени. Во пресрет на неговиот настап во Скопје, се заблагодарува на поддршката на Амбасадата на Босна и Херцеговина и се надева на одличен прием кај македонската публика, што подразбира многу смеа и силни емоции на сцената на Драмски театар“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ