Овој тим од четири неуморни актерки на сцена ја пренесуваат исконската музика со најголемите диско и клупски хитови почнувајќи уште од 80-тите, предизвикувајќи ги присутните да пеат и да танцуваат заедно со нив. Тие имаат подготвено и одлични комични текстови со кои ќе ве натераат да се смеете до солзи.
Со врвната музичка изведба и комедијата која сигурно ќе му се допадне на секој присутен, овој настан е задолжителен за секој кој е во потрага по добро место за забава во четврток навечер, порачуваат организаторите.
„Искуството од претходните изданија ни вели дека скопјани сакаат поинаков тип на забава. Овој настан е направен ‘по мерка’ на танц, глума и музика, од друга страна на оваа забава уживаа сите генерации“, велат од продукцијата кабарето во изведба на Нина Елсезер, Ангела Стојановска, Надица Петрова и Бонита Стеви.
Оваа сценска фузија од музика, кабаре, стендап и караоке е во продукција на Јавна соба, а стилист е Сашка Павловска.