петок, 26 јули 2024

На 13 јуни во Солун средба на бизнис делегации од Македонија и Грција

Можностите за проширување и зајакнување на економската соработка меѓу Македонија и Грција ќе ги разгледаат бизнис делегациите на двете земји кои на 13 јуни ќе одржат средба во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Објавено на

часот

Сподели

Од Стопанската комора од Солун соопштија дека ќе бидат домаќини на бизнис делегација од 18 бизниси предводени од претседателот на Стопанската комора на Македонија, кои ќе одржат (B2B) средби со претставници на грчки бизниси со цел разгледување на можностите за нови соработки.

Компаниите од Македонија кои ќе учествуваат на бизнис состанокот се од различни области во трговскиот, индустрискиот и услужниот сектор, како што се енергетиката, градежништвото и ИТ технологиите.

На почетокот на состанокот, планиран е отворен настан за перспективите за зајакнување на економска соработка меѓу Грција и Северна Македонија.

Од Стопанската комора на Солун упатија повик до грчките бизниси кои се заинтересирани да одржат средба со нивните македонски колеги, до средината на мај да достават пријави за учество.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ