петок, 27 декември 2024

На 115 години почина најстариот човек во светот

Татко на 11 деца, во 2022 година имал 41 внук, 18 правнуци и 12 чукунвнуци.

Објавено на

часот

Сподели

Венецуелецот Хуан Висенте Перез Мора, најстариот човек во светот според Гинисовата книга на рекорди, почина на 115-годишна возраст, соопштија неговото семејство и властите.

Хуан Висенте Перез Мора, кој почина вчера, официјално беше прогласен за најстар човек на светот на 4 февруари 2022 година со 112 години и 253 дена.

Татко на 11 деца, во 2022 година тој имал 41 внук, 18 правнуци и 12 чукунвнуци.

Тој бил земјоделец, роден во Ел Кобре на 27 мај 1909 година, како деветто дете во десетчлено семејство.

„На петгодишна возраст, тој почнал да работи со својот татко и браќата во земјоделството и помагал во бербата на шеќерна трска и кафе“, беше напишано во Гинисовата книга на рекорди откако му беше врачена наградата.

Фото: Википедиа, Оркестралхјуман

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ