среда, 15 јануари 2025

На 10 дена пред крајот на учебната година повлечен е учебникот по Историја и општество за петто одделение

Објавено на

часот

Сподели

„Поради грешките во учебникот, кои беа увидени во декември, само неколку дена откако учениците го добија, реагираше Здружението на историчарите и јавноста, а МОН на крајот на минатата година  информираше дека комисија ќе ја преиспита целата содржина и ќе даде предлог за соодветни корекции.

Министерството за образование и наука тогаш побара од Националната комисија за учебници, како највисоко тело во процесот на одобрување на учебници, информации за постапката за одобрување на конкретниот учебник во кој, како што наведе МОН, „констатирани се низа грешки и нелогичности кои не смееја да се дозволат“, наведува министерството.

Од Здружението на историчари кое ги пронајде бројните пропусти, за ТВ Сител велат дека одлуката за спојување на неколку учебници како дел од новата концепција во образованието е избрзана и дека тоа резултирало со повлекување на учебникот. Не очекуваат дека ќе има заинтересирани за пишување на нов учебник па, петтооделенците најверојатно следната школска година ќе ја почнат без четивото Историја и општество. Тврдат дека никој од стручната фела не сака да учествува во изработка на учебник во кој механички се спојуваат неповрзани теми.

Инаку, како што пишуваше МКД.мк, минатата година Министерството за образование формираше комисија за да утврди во учебникот по Историја за седмо одделение некои спорни содржини за кои биле примени претставки дека „не одговараат на научната вистина“. Иако во неколку наврати прашувавме каков наод состави комисијата, чии рокови за да го информира министерот беа веќе поминати, не добивме одговор што е утврдено и кои беа содржините кои беа анализирани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ