сабота, 27 јули 2024

На 1 јуни седница на редовното изборно Собрание на ДПМ

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во оставка Христо Петрески потврди дека на 1 јуни ќе се одржи седница на редовното изборно Собрание, на кое ќе се избира новиот претседател и другите нови органи и тела на Друштвото.

Објавено на

часот

Сподели

Тој денеска и на официјалната страна на Друштвото соопшти дека сите заинтересирани кандидати за функцијата претседател на ДПМ, своите кандидатури заедно со Програмата за работа во наредниот двегодишен период, треба да ги испраќаат на официјалната електорнска пошта на ДПМ.

Инаку, претходно на 25 ноември 2023 година и потоа на 27 јануари оваа година беше закажано Вонредното изборно собрание на ДПМ, но не беше одржано и на двата датума, поради немање кворум.

За последната седница која требаше да се одржи на 27 јануари, беше важечка само кандидатурата на писателот Мирче Нешовски за претседател на ДПМ, откако останатите кандидати ги повлекоа своите кандидатури.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ