сабота, 27 јули 2024

Нѐ очекува натпросечно топло лето, најжешко ќе биде во јули

Објавено на

часот

Сподели

„Со голема веројатност се очекува летото оваа година да биде потопло и со просечни врнежи. Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа, летните температури се очекува да достигнат надпросечни вредности. За територијата на Северна Македонија постои голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности. Надминувањето на температурите може да достигне и до три степени целзиусови речиси на целата територија. Најголемото позитивно отстапување на температурите на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во јули“, соопшти УХМР.

Многугодишниот просек (1981 – 2010) за температурите на воздухот во летната сезона се движат од 16 степени во планинските предели до 25,3 степени во Гевгелија. Врнежите се во границите од 23,9 милиметри измерени во Штип до 96,7 во Маврово. Многугодишниот просек (1981 – 2010) на температурите на воздухот во Скопје за јуни, јули и август изнесува 21,9 степени, 24,2 и 23,9 степени. Многугодишната (1981 – 2010) просечна количина на врнежи во Скопје за овие три месеци е 44 милиметри, 37,6 и 34,4 милиметри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ