Бранителот на трофејот од Купот на Македонија го надигра и буквално го прегази својот вечен ривал со што ја запиша третата победа во меѓусебните пресметки оваа сезона.
Натпреварот беше изедначен само во воведниот дел до резултат 16-16, потоа МЗТ Скопје влезе во серија и почна да се одлепува. На полувремето заминаа со предност од 45-28.
Во вториот дел МЗТ Скопје ја зголемуваше предноста до конечни 97-63.
Најефикасни во триумфот беа Едвин со 16 и Маслинко со 14 поени, додека во редовите на Работнички најдобри беа Капетановиќ со 16 и Полутак и Ефремовски со по 11 поени.
Противник на МЗТ Скопје во утрешното полуфинале ќе биде тимот на Пелистер, во другиот дуел се среќаваат Кожув и Гостивар.