сабота, 19 октомври 2024

МЗТ Скопје го доби вечното дерби со Работнички и ќе се бори за нов куп трофеј

МЗТ Скопје со 81-76 го победи Работнички во првиот полуфинален дуел од Купот на Македонија и утре ќе се бори за својот 12. куп трофеј.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот беше неизвесен во најголемиот тек, речиси во текот на целата прва четвртина двете екипи се менуваа во водство, на крајот МЗТ направи четири разлика. Работнички одлично го отвори вториот период, за момент го врати водството (28-26), но тимот од Аеродром брзо создаде нова предност, на полувремето заминаа со водство за нив од 43-38.

Во третата четвртина МЗТ Скопје дојде до водство од 12 поени разлика, беше 55-43, нивната највисока предност на натпреварот. Но и двете екипи имаа подеми и падови, па не помина долго, а Работнички се доближи на еден разлика. Слично беше и во последниот период, МЗТ Скопје цело време водеше, но Работнички се доближуваше, сепак завршницата му припадна на шампионот за победа од 81-76.

Војдан Стојановски и Танасковиќ постигнаа по 18 поени кај МЗТ Скопје, Дамјан реализираше 12. Во составот на Работнички Трајс постигна 20 поени, Декоси 19.

МЗТ Скопје во финалето ќе игра со подобриот од вечерашниот меч меѓу Еуро Никел и Пелистер.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ