МЗТ Скопје беше голем фаворит во овој меч, Гостивар пружи отпор во првата четвртина која ја доби со 24-23, потоа работите го добија очекуваниот тек. МЗТ Скопје на полувремето имаше водство од 54-40.
Во вториот дел Аеродромци ја одржуваа предноста, а Гостивар не успеа да се доближи и да ја врати неизвесноста на натпреварот. Конечниот резултат гласеше 91-76.
Делалиќ со 22 поени беше најефикасен во победничкиот тим, додека зад него беа Дамјан Робев со 13 поени и седум скока и Душан Танасковиќ со 13 поени и осум скока. Американецот Тајрес Вилијамс со 23 поени беше убедливо најпрецизен кај Гостивар.
МЗТ Скопје во полуфиналето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Работнички и ТФТ.