петок, 18 октомври 2024

МЗТ Скопје ангажира двајца американски кошаркари

Објавено на

часот

Сподели

МЗТ Скопје почна бавно во преодниот рок, но сега набрзина објави неколку засилување. Денеска промовираше двајца американски кошаркари кои играат на бековските позиции, а вчера објави за српско-хрватски центарски тандем.

„Квартетот странци кои ќе го носат плаво-белиот дрес следната сезона го комплетираме со бековскиот тандем од САД, кој ќе го сочинуваат Седрик Расел (24 год, 188 см) и Ејасу Ворку (24 год, 188 см). Двајцата се талентирани кошаркари, со европско искуство, кои ги краси брзината, преглед на играта, а кога треба и агресивност кон противничкиот обрач со цел на својот тим да му донесат драгоцени поени“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.

„Расел зад себе има пет одлични години во елитната дивизија од НЦАА-лигата, од кои четири во дресот на Луизијана универзитетот, во кои во последната сезона имаше просек од 17 поени. Минатата сезона го имаше првиот настап во европската кошарка и тоа во дресот на српскиот прволигаш Тамиш, каде што просечно реализираше 16,2 поени со 2,4 скока и 2,3 асистенции. Ворку, пак, е добро познат на македонската кошаркарска јавност со оглед што предминатата сезона настапуваше за Гостивар со просек од 16,8 поени, 5,1 скока и 7,2 асистенции. Европската авантура ја почна пред три години во хрватскиот тим Забок, за потоа да направи трансфер во Задар, каде што остави повеќе од солиден впечаток“

„Нашиот тим вчера се засили со српско-хрватскиот центарски тандем, Душан Танасковиќ и Марко Баковиќ, ден претходно ростерот го освеживме со талентираните Марин Петков и Марко Миловановиќ, додека договорна обврска од претходно имаа браќата Дамјан и Војдан Стојановски и Андреј Андоноски. Тренер на МЗТ Скопје и во следната сезона ќе биде Васко Атанасов“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ