сабота, 21 декември 2024

МЗШВ ја укина забраната за движење низ шумите

Укината е целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари, информира Јавното претпријатие Национални шуми.

Објавено на

часот

Сподели

„Согласно барањето од Национални шуми од 17 септември 2024 година, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја издаде согласноста за укинување на целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште дадена на 15 јули 2024година, заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари на површините под шума и шумско земјиште со кои управува Национални шуми“, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека за спроведување на горенаведената согласност за укинување на целосната забрана за движење во шума, со допис се известени и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, средствата за јавно информирање, како и подружниците во состав на јавното претпријатие. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ